Посебен режим на сообраќајот поради атлетска трка „Водно 10К“

Поради одржување атлетска трка на 10 километри – „Водно 10К“ во организација на атлетскиот клуб „Фортиус“, во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај.

Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св. Пантелејмон и обратно.

Како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај, Единица за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Претходна вестСончево и топло, температура до 23 степени
Следна вестНа Скопска Црна Гора ќе се засадат 3.200 садници, ќе се сочуват ли од бесправната сеча?