Посебен режим на сообраќај денес и утре во Скопје

Денес и утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот поради посетата на австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, известуваат од МВР.

Министерството апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Претходна вестВозеле без дозвола, поминувале на црвено…, казнети 153 скопски возачи
Следна вестКомисијата решава за името на бугарскиот клуб во Охрид