Од вечерва на полноќ на сила ќе стапат новите цени на горивата, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Со одлуката, кај бензините ќе има поскапување од 1 денар, додека дизел горивото поевтинува за 0,5 денари.
Така, цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе се продава по 80,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе изнесува 82,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе изнесува 78 денари по литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 1 денар и ќе се продава по 77 денари по литар, додека цената на мазутот ќе изнесува 41,4 денари по литар.