Поскапуваат личните документи: Лицата над 27 години за пасош ќе плаќаат 2.000 денари, за лична карта 310 денари…

Наскоро ќе поскапи вадењето на личните документи какви што се пасоши, лични карти, возачки дозволи…Владата го одобрила решението на Министерството за внатрешни работи што во наредниот период треба да стапи во сила откако ќе се објави во „Службен весник“.

-Обрасците во моментов се издаваат по цените кои важеа и до сега. МВР постапувајќи по заклучок донесен од Влада, спроведува постапка за изменување на решението за цените на обрасци. Со решението се вршат измени на цените, а ќе се применуваат кога решението ќе се објави во „Службен весник“ и ќе влезе во сила. Имено, цената на пасош за лице до 27 години ќе остане непроменета и натаму ќе изнесува 1.500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2.000 денари, што е зголемување за 500 денари. Цената на личната карта ќе изнесува 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Цената на возачката дозвола ќе изнесува 410 денари, што е зголемување за 130 денари, соопштија од МВР за Вечер.

Цената на пасош по итна постапка ќе изнесува 6.100 денари, што е зголемување за 1600 денари. Цената на возачка дозвола по итна постапка ќе изнесува 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари.

-Промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот, кое се врши од страна на странски економски оператор, како и набавка на нови машини поради укажана потреба од замена на веќе дотраени машини за персонализација итн, информираат од МВР.

Инаку, до февруари 2024 година граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор кој го форсираа поранешниот премиер Заев и министерот Димитров.

Претходна вестШтипјанка лишена од слобода по обид да смени фалсификувани 100 евра
Следна вестПриведени 4 лица од Скопје под сомнение дека поседувале дрога