Приведени 4 лица од Скопје под сомнение дека поседувале дрога

При полициска акција на повеќе локации во текот на вчерашниот ден била пронајдена прашкаста материја за која дополнително треба да се утврди дали е дрога. Приведени се четири лица на возраст од 19 до 37 години.

– Во 19:45 часот, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д. Д. (37) од Свети Николе и А. Р. (31) од Скопје затоа што кај Д. Д. била пронајдена и одземена прашеста материја. Во 21.30 часот, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода А. Б. (28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во 00.30 часот, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С. А. (19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПоскапуваат личните документи: Лицата над 27 години за пасош ќе плаќаат 2.000 денари, за лична карта 310 денари…
Следна вестМицкоски: Притисоците ќе се засилат јас нема да отстапам ни милиметар