После 22 години, во сабота во МОБ повторно романтичниот балет „Жизел“

На 30 октомври, после 22 години, во Македонската опера и балет ќе се одигра романтичниот балет „Жизел“ од Адолф Адам. Ова е еден од ретките балети кои непрекинато се изведува насекаде во светот од 1841 година наваму.

Во Скопје за првпат е изведен на 7 ноември 1956, а последен пат бил обновен во 1999, според кореографијата на Леонид Лавровски. Овој пат адаптацијата е на хрватската поранешна примабалерирна Ирена Пасариќ.

Главната улога е на првенките Марија Кичевска-Шокаровска и Мими Поп Алексова-Атанасова, а улогата на Алфред, првенците Василиј Чичијашвили и Бобан Ковачевски. Во сабота ќе играат Кичевска-Шокаровска и Чичијашвили.

Претходна вестКога новите градоначалници ќе ги довршат раскопаните улици што ги оставија старите?
Следна вестЗарем треба сите да живееме само во Скопје!