Поставено спомен обележјето за АСНОМ во манастирот Св. „Прохор Пчински“

Во параклисот на манастирот Прохор Пчински во Република Србија денеска е поставена спомен плочата за одржувањето на ова место на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува „На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

На ова место денеска државно-црковна делегација како и претставници од Сојузот на борците на НОБ ќе постават венци.

 

Претходна вестПендаровски на свој начин го честиташе Илинден
Следна вестПендаровски: Нема да затвораме очи и уши за окупацијата спроведувана од 1941-1944