Потпретседателот на Алијанса на Албанците бара формирање техничка влада

Алијанса за Албаниците бара итно формирање на техничка влада. Ова го посочи потпретседателот на партијата и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари преку објава на Фејсбук. Тој вели дека техничката влада е единствено решение во моментов во земјава која како што вели е мала во географска смисла, но е гигант во корупција.

-Секојдневно живееме и сме сведоци на корумпираното бирократско мочуриште, во коешто плови сè и сешто. Власта е во постојана кавга со неколку држави, како да не ѝ беше доволен сомнителниот начин на доаѓање на тронот. Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните, пишува Таравари.

Претходна вестПрофесорката Ачкоска: Ќе им биде обезбедено посебно место на неуките „историчари“, а опозициските лидери се на потег
Следна вестМаричиќ: Не мора да се брза со собраниска седница за промена на Уставот, рано е