Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Поведена е истрага против 28-годишен жител на струшко Велешта за детска порнографија. Тој од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем.

– Обезбедени се докази согласно кои осомничениот, преку Телеграм, Сигнал, Вајбер и други апликации за комуникација инсталирани на неговиот мобилен телефон, пристапувал и учествувал во затворени групи за комуникација, а комуницирал и директно со профили креирани од други лица од повеќе земји во светот и со нив споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица. Во наведениот период тој и за себе прибавувал детска порнографија која била откриена на неговиот мобилен телефон кога му бил одземен, стои во соопштението од државното Јавно обвинителство. .

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Претходна вестБез струја дел од општините Гази Баба, Сарај и Ѓорче Петров
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја ставија на ризик довербата во институциите откако ЕК откри криминал