Темно Режим Светло Режим

Повредени 60-годишна жена и во малолетник, ги удрило возило

Со тешки телесни повреди се здобила 60-годишна жена, а со полесни малолетник кога во нив удрило патничко возило синоќа во Ѓорче Петров, информира полицијата.

МВР соопштува дека вчера во 20.15 часот било пријавено дека се случила сообраќајка на крстосница од ул. „Ѓорче Петров” и ул.„Македонски војски” во Скопје.

-Патничко возило „бмв”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Триесет и деветгодишниот А.С. од Скопје, удрило во пешаците Д.К.на возраст од 60 години од Пехчево и малолетен пешак од Скопје. Во незгодата Д.К. се здобила со тешки телесни повреди, а малолетникот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, се наведува во соопштението.

Advertisement

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Конечно, опасниот винил хлорид од ОХИС префрлен во Германија

Следниот Пост

Нов црн рекорд: 364 новозаразени од вирусот