Повремен дожд со умерен ветер

Променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот, прогноза е на синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во другите делови од Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

В среда и в четврток ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе бидат во опаѓање, особено во четврток кога ќе дува повремено силен северозападен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Претходна вестСо „Говорна маана“ МНТ ги отвора вратите за публиката
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на власт не знае да спроведе мерки