Повторно голем број нови хоспитализирани со ковид во Скопје, вкупно се 689

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.641, соопшти Министерството за здравство.

Во ковид центрите во Скопје, во изминатите 24 часа се хоспитализирани 68 нови пациенти, со што вкупно 689 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника. Во Козле  билe примени тројца нови болни, а осум пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени тројца пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, во изминатите 24 часа, според соопштението од МЗ,  е пријавено дека се лекуваат вкупно 952 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Претходна вестМЗТ Скопје убедливо поразен од Младост во првиот натпревар од четвртфиналето на АБА2 лигата
Следна вестПензиите доаѓаат пред празниците