Учениците и наставниците од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ пред половина час се повторно евакуирани од училишната зграда. Во текот на денешниот ден и на втората смена, околу 14 часот, наставниците од оваа гимназија влегувале во училниците и им соопштувале на учениците дека итно треба да ја напуштат училишната зграда. Кога учениците прашале што е причината го добиле одговорот: „Исто како и вчера“.
За потсетување: Евакуацијата се случува по вчерашните анонимни дојави дека во 6 скопски училишта се поставени бомби.
Во моментот учениците се пред училишната зграда, а пристигнаа и полициски екипи.