Повторно повредени пешаци во Скопје, вчера во центарот и на „Партизанска“, завчера во Чаир…

Нови двајца пешаци вчера биле повредени на скопските сообраќајници со што се зголемува бројот на незгоди во кои страда ова категорија на учесници во сообраќајот. МВР денеска соопшти дека вчера имало две сообраќајни незгоди во кои повредени биле пешаците – во Карпош и во централното градско подрачје.

-На 22.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски” во Скопје патничко возило „Форд фокус” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(40) од с.Лозово, велешко, удрило во пешакот И.С.(47) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски” во Скопје, соопшти полицијата.

Подоцна, околу 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди” во Скопје мотоцикл „Дукати” со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје, се наведува во извештајот.

Завчера, пак, малолетен пешак тешко бил повреден во сообраќајка во Чаир. МВР соопшти дека автомобил „Форд“ управуван од 41 годишен скопјанец удрил во пешакот .

– На 21.4.2024 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, велат од МВР.

Со ова за само два дена повредени се тројца пешаци. Во полициските извештани не се наведени причините за незгодите. Но, сепак, се почестите незгоди со пешаците пак го отвораат прашањето за безбедноста на скопските улици и почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестСериозна владина корупција нотира Извештајот на Стејт департмент за човекови права во Македонија
Следна вестПазарните инспектори утре ќе контролираат дали се почитува владината одлука за неработен ден