Пазарните инспектори утре ќе контролираат дали се почитува владината одлука за неработен ден

Во текот на утрешниот ден ќе има дежурни пазарни инспектори кои на терен ќе вршат контроли дали од страна на работодавачите се почитува владината одлука за неработен ден, соопшти денеска Државниот пазарен инспекторат.

-Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно заклучокот на техничката Влада донесен на 16 април 2024 година, деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат, се наведува во известувањето од Државниот пазарен инспекторат.

Од ДПИ најавуваат дека контроли на дежурните пазарни инспектори ќе има и на 8 мај, на денот на парламентарните избори.

Претходна вестПовторно повредени пешаци во Скопје, вчера во центарот и на „Партизанска“, завчера во Чаир…
Следна вестСе читаат ли книги во Македонија или почесто прашината се брише од нив?