Ученик во Влае скршил дел од школскиот инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Немил настан исполнет со агресија од страна на ученик во скопско училиште. Имено,  вчера, во 12.40 часот, во основно училиште на подрачјето на населбата Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавната установа за згрижување деца) поради агресивност.

Приведениот ученик скршил дел од училишниот инвентар, физички нападнал и соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците, извести МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Претходна вестСредношколците од „Здравко Цветковски“ ги претставија проектите од областа на архитектурата, градежништвото и геодезијата
Следна вестГермански државјани уапсени поради сомнение дека шпионирале за Кина