Дербито меѓу Шкендија и Вардар во рамки на 21. коло од македонската Прва Лига, сепак, нема да се игра в сабота, туку ќе се игра во првично одредениот термин, односно недела од 14 часот.
Иако постоеше најава дека натпреварот ќе се одржи на 2 март, сепак Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по барање на Шкендија реши да го остави првичниот термин.
-Шкендија со задоволство може да соопшти дека е постигнат договор со ФФМ за враќање на првичниот термин на дуелот против Вардар. Мечот ќе се одигра на 3 март од 14 часот, како што беше планирано. Ѝ се заблагодаруваме на Федерацијата за успешната соработка и позитивниот одговор, соопшти тетовскиот тим.