Тројца повредени во тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман

Три лица се повредени во тешка собраќајна незгода што се случила утрово на патот Кавадарци-Росоман, на излез од селото Манастирец. Според првичните информации едно лице се здобило со потешки телесни повреди.

ТППЕ Кавадарци излезе на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило.

-Двете лица се помлади на околу 23 години, едното повозрасно, информираат од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

АМСМ соопшти дека регионалниот пат Кавадарци – с.Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа.

Претходна вестПовторно промена, мечот Шкендија – Вардар ќе се игра во недела
Следна вестДеспотовски го презема кормилото во Кожуф