Повторно промена, мечот Шкендија – Вардар ќе се игра во недела

Дербито меѓу Шкендија и Вардар во рамки на 21. коло од македонската Прва Лига, сепак, нема да се игра в сабота, туку ќе се игра во првично одредениот термин, односно недела од 14 часот.

Иако постоеше најава дека натпреварот ќе се одржи на 2 март, сепак Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по барање на Шкендија реши да го остави првичниот термин.

-Шкендија со задоволство може да соопшти дека е постигнат договор со ФФМ за враќање на првичниот термин на дуелот против Вардар. Мечот ќе се одигра на 3 март од 14 часот, како што беше планирано. Ѝ се заблагодаруваме на Федерацијата за успешната соработка и позитивниот одговор, соопшти тетовскиот тим.

Претходна вестУчество на претседателот Пендаровски на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана
Следна вестТројца повредени во тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман