Повторно имаше пукање во скопскиот трговскиот центар „Ист Гејт мол“. Посетителите во паника бегаат и го напуштаат трговскиот. Во инцидентот повредени се две лица.
– Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Неофицијално станува збор за пресметка меѓу две мафијашки групи.
Ваков настан имаше и кон крајот на месец август кога непознати лица од возило пукаа кон друго лице.