Повторно вандализирано срцето со македонското знаме на натписот Гостивар

Само после неколку дена откако беше обновено, срцето од буквите ,,Гостивар” покрај кејот на градот е повторно ванадлизирано. Непознати сторител или повеќе лица на него повторно направија повеќе чкртаници и испишаа графити „Албанија“, „Илирида“…

Пред неколку дена, овој натпис беше предмет на вандализирање по што е обновен. Срцето на натписот Гостивар беше санирано со нацртано македонско знаме и букви од кирилицата и глаголицата по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Оваа туристичка знаменитост често е мета на вандали, кои се изживуваат врз македонските знаменитости.

Во претходниот случај полицијата оопшти дека настанот не е пријавен, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат превземени соодветни мерки.

Претходна вестПрестрелка на „Пластичарска“, загина познат пејач, ранети уште две лица
Следна вестВо јуни пак продолжен викенд