Едно лице загина, а две други се повредени во престрелката која се случила синоќа по масовна тепачка на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.
Неофицијално, во полицијата најпрво во 23.40 часот е пријавено дека на овој булевар познат и како „Пластичарска улица“ има пукање каде што има повредени лица. Во 23.45 часот е пријавено е дека едно лицето Т. А. со повреди од огнено оружје е пренесено во ГОБ „Наум Одридски“.
Во 23.51 часот од Ургентен центар е пријавено дека кај нив се донесени 2 лица исто така со повреди од огнено оружје.
Се работи за лицата О. Б. и А.И. од Скопје. Во 00.45 ласот од Ургентен центар е пријавено дека лицето А. И. е починат. Според сознанијата се работи за познат пејач 29-годишниот Амар Исмани од Скопје. Исмани беше пејач со многу популарни видеа, поставени на видео-платформата јутуб.
Според првичните информации првично избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање.