Најмалку 10 лица загинаа, а 39 се повредени во судир на автобус и три возила на југот на Турција

Најмалку 10 лица загинаа, а 39 се повредени денеска во јужна Турција кога меѓуградски автобус се судри со три возила на автопатот, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Автобусот, кој од Дијарбакир одел за Истанбул, удрил во камион и две други возила во областа Тарсус во близина на медитеранскиот град Мерсин, напиша Јерликаја на платформата Х, пренесе Ројтерс.

Владата соопшти дека е покрената истрага за несреќата.

Претходна вестДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
Следна вестПрестрелка на „Пластичарска“, загина познат пејач, ранети уште две лица