Вкупно 787 пациенти се лекуваат во болниците во главниот град и на инфектвните одделенија во државата, и има околу 350 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти со компликации од коронавирусот, со што бројката сега изнесува 323 лица кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Најмногу од приемите се на интерните клиники – 22, потоа во ГОБ „8 Септември“ – 11, по 3 на Инфективната клиника и во Козле.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.