Пожар над село Марвинци во Валандовско

РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева и прнар.

На терен се излезени три противпожарни возила и осум пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во близина на пожарот има штали.

Во моментот има уште еден активен пожар на територија на општина Валандово во село Чалаклија. Гори сува трева и пожарникарите се на терен.

Поради поголема опасност, акцент се става на првиот пожар.

Фото: Архива

Претходна вестСиљановска Давкова на комеморацијата за Стојан Андов: Тој беше предводник на разумноста и трпеливоста
Следна вестСафије Садики нема да му биде заменичка на Стоиљковиќ, ќе оди во Министерството за спорт