Вечерва изби пожар во запуштен објект лоциран на улицата „Охридска“, зад зградата на Народната банка, во самиот центар на Скопје.
Според првичните информации, околните објекти не се зафатени од огнот, а екипи на противпожарната служба се на терен и активно работат на гаснење на пожарот.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.