Пожар во депото за возови во Кисела Вода

Голем пожар ноќеска го зафати објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода. Објектот се користи како депо за локомотиви и вагони, како и магацински простор.

Како што дознаваме, пожарот избувнал уште ноќеска, а пожарникарите сѐ уште се обидуваат да се справат со огнените јазици. Засега нема информација за повредени.

Од објектот се уште се крева црн чад. Пожарникарите се обидуваат да ги извлечат запалените вагони и да ги гаснат надвор на отворено.

Присутни се и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило.

Фото: Архива, илустрација

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја ставија на ризик довербата во институциите откако ЕК откри криминал
Следна вестСтотици граѓани во редици за подигнување на ваучерите за инвертери