Пожар во куќа во Скопје, три лица завршија во болница

Доцна синоќа во 03.35 часот, во полицијата било пријавено дека на улицата Фан Ноли во Скопје избил пожар во куќа сопственост на Е.А.(43) . Притоа, Е.А.(43), Ф.А.(44) и Е.А.(26) вдишиле чад и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, објави МВР.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила од екипа од СВР Скопје.

Претходна вестДиректорка на Онкологија Клисарова: Предимензионирано во јавноста е дека на пациентите им е даван физиолошки раствор наместо терапија
Следна вестПрекинат штрајкот со глад на 213 осуденици во „Идризово“