Изгаснат е пожарот кој вчера попладне избувна на подрачјето на селото Бељаковце, во општина Старо Нагоричане.
Пожарот е ставен под контрола. На некои изолирани места се уште гори, до раните утрински часови ќе бидат изгаснати, но нема да има потреба од воздухоплови на ова подрачје, изјави синоќа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Пожарот, што вчера попладне избувна во Руѓинце се префрли во Бељаковце. Беше зафатена поголема површина на стрништа, сува трева, шума, изгоре помошен објект и напуштена куќа. Покрај хеликоптерот на МВР, пожарот го гасеше Ер трактор на Дирекција за заштита и спасување како и противпожарни екипи на неколку општини, Старо Нагоричане, Куманово, Кратово и Ранковце