Пожарот кај Могила ја оштети пругата, не сообраќаат возови на делницата Прилеп – Битола

Пругата била оштетена на повеќе места при пожарот во атарот с.Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, информира Регионалниот ЦУК Битола.

Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“.

-По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17:42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа, се наведува во соопштението.

ЦУК примил известување од „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички (патнички и товарен) сообраќај се одвива нормално.

 

Претходна вестУнгарија може да ја одложи ратификацијата за влез на Шведска во НАТО: Не ни треба сојузник кој така размислува за нас
Следна вестПендаровски ќе дели ордени и одликувања во Њујорк и Чикаго