Познати арбитрите за Македонија: Полјаци во Баку, Грци во Скопје

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2024.

Натпреварот меѓу Азербејџан и Македонија што ќе се одигра на 3 април од 15:00 часот во Баку ќе го судат Фабрични и Равицки од Полска, додека делегат е Беќири од Косово.

Последниот дуел во Скопје меѓу Македонија и Литванија што ќе се игра на 7 април во СЦ „Борис Трајковски“ им е доверен на Грците Харицос и Наскос, а делегат ќе биде Сивиркаја од Турција.

Женската селекција на Македонија е практично пласирана на ЕП, но за потврда ќе треба да победи во Баку.

Претходна вестСилен земјотрес ја погоди Бугарија
Следна вестКуќен притвор од 48 часа за двајца од уапсените за убиството на лекарот во скопска Железара