Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024

На Европското првенство во фудбал завршија сите натпревари од осминафиналето по што се формираа двојките за четврфиналната фаза.

Во четвртфиналето, домаќинот на првенството Германија ќе игра против Шпанија, Португалија ќе се соочи со Франција, Холандија со Турција, а Англија со Швајцарија.

Двојки и термини за 1/4финалето:

Шпанија – Германија (5 јули, 18 часот)

Португалија – Франција (5 јули, 21 часот)

Англија – Швајцарија (6 јули, 18 часот)

Холандија – Турција (6 јули, 21 часот).

Четвртфиналните средби ќе се играат во Штутгарт, Хамбург, Берлин и Диселдорф.

Претходна вестКоце Трајановски ќе раководи со Државни патишта
Следна вестДиректорката на албански ИНСТАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати