Пратеничката Зајкова: Не ме бива за готвење и пеглање, ама сум добра во Правото, свирењето виолина… 

Моника Зајкова, пратеник во македонското Собрание и лидер на ЛДП, одговара на 10 прашања надвор од политиката:

  1. Три најсреќни моменти во животот?

-Тоа е секако денот кога го положив правосудниот испит, потоа денот кога станав тетка на  прекрасниот Лука, а посебно бев среќна и оној ден кога фудбалската репрезентација на Македонија се пласираше на Европско првенство.

  1. Три работи кои се каете што сте ги направиле?

-Не се каам за ништо во животот. Се е или подарок или научена лекција.

  1. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете?

-Ѓоко Зајков (фудбалер), Мерсиха Шукри (харфистка) и Дејан Георгиевски (таеквондист). И голема гордост е тоа што имав можност да растам во времето на Тоше Проески.

  1. Три работи кои Ве радуваат и три што Ве нервираат?

-Ме радува детската насмевка, кога ќе помогнам на некој повозрасен, а потоа ќе добијам негов благодарен поглед и кога ќе поклонам нешто.

Инаку, ме нервира кога луѓето не слушаат и игнорираат, односно, не комуницираат меѓу себе.

  1. Три предмети што најмногу Ве намачија како ученик?

– Тоа се Техничко образование, Ликовно образование и посебно скокање јарец на часот по физичко. 🙂

  1. Три работи во кои сте добра, и три во кои не Ве бива?

-Мислам дека сум добра во Правото, во свирењето виолина и во пливањето. А не ме бива за готвење и пеглање 🙂

  1. Три места во Македонија што радо би ги посетиле?

-Тоа се Удово, манастирот во Зрзе и Мариово.

  1. Три најдобри книги, филмови и песни?

-Меѓу книгите изборот ми е Животинска фарма (Џорџ Орвел), Сапиенс (Јувал Ноа Харари) и Ги бранев оние што беа осудени на смрт (Фила Филота). Меѓу филмовите и сериите уживам во Градот на Ангелите, Ефектот на пеперутката и серијата – Круна. А од песните ги избирам сите од Тоше Порески – Цреша, Уште една скала и Солзи прават златен прстен.

  1. Три омилени јадења?

-Сакам едноставни работи – овес со јогурт, манџа грашок и сендвич со тиквица од „Спицикато“.

  1. Три совети кои ги давате на другите?

– Не се врзувајте за функција се е пролазно.

– Најважно е да останете човек и да не заборавите од каде потекнувате.

– Се поминува само љубовта е таа што ја носиме засекогаш, затоа дозволете си да љубите колку и да боли понекогаш.

 

Претходна вестМакедонската царина заплени речиси 2 илјади брендирани парчиња со потписот на Луи Витон, Диор и Мајкл Корс
Следна вестУбаво: Првото запросување стана најубав украс на новогодишната елка во центарот на Скопје