Убаво: Првото запросување стана најубав украс на новогодишната елка во центарот на Скопје

Новогодишната елка на централниот скопски плоштад синоќа беше локација на којашто се случи убав и несекојдневен чин. Блиску до елката и до споменикот на Александар Македонски младо момче во еден момент клекна со прстенот пред неговата девојка и ја побара за жена.

Снимката за тој чин се појави на социјалните мрежи, а на неа се гледа целиот убав настан. Девојкатам очигледно, беше изненадена од гестот на момчето но немаше многу дилеми околу понудата. Со солзи – радосници во очите таа го прегрна момчето кое, исто така, беше среќно поради нејзината рекација. За целата атмосфера да биде комплетна се погрижи саксафонот на Стефан Неделковски со песната „All of Me“.

На убавиот чин се надоврзаа и аплаузите на случајните минувачи кои во тој момент се најдоа на тоа место.

Порталот crnobelo.com објавува дека се работи за двојката Здравко Димовски у неговата девојка Катарина Мутовиќ кои на своите профили на Фејсбук објавија и фотографии од среќниот момент.

Катарина за овој портал изјави дека е пресреќна што му рекла „ДА“ на Здравко.

Таа откри дека Здравко ѝ дал букет со нејзините омилени рози, албум со нивни заеднички фотографии и една прекрасна порака.

Инаку, токму ова новогодишна елка деновиве предизвика бројни реакции во јавноста и критики во смисол дека е несоодветна, мала, неукрасена, пи дека е грда. Но, двајца млади, очигледно, се погрижија елката да добие најубав украс.

Претходна вестПратеничката Зајкова: Не ме бива за готвење и пеглање, ама сум добра во Правото, свирењето виолина… 
Следна вестЛевица побара инспекциски надзор за сликите со голема Албанија во ООУ „Браќа Миладиновци”