Призавршуваат годишните одмори. Децата утре ќе одат на училиште, а еве веќе денеска пратениците ќе се вратат на работа.
Колку ли ќе и тргне на подобро на Македонија откако народните избраници пак ќе почнат да делуваат?
Пратеничкиот одмор официјално почна после Илинден, беше ставен „на пауза“ само еден ден и тоа на 18 август за седницата за потребите за уставни измени, а после таа напорна работа пак се одмараа.
Во Собранието за денеска се закажани две седници на Законодавно – правната комисија и тоа продолжение на 200-та и 203-та седница и седница на Буџетскиот совет на Собранието. Новата собраниска седница, прва по одморот, е закажана за 5 септември.
Кога ќе се затвори седницата и гласа за наметнатите уставни измени не е јасно. Засега само се појасно станува дека јавноста бара да има седница на која Собранието ќе се самораспушти, по што ќе се закажат предвремени избори.