Украден сеф со 84.000 денари од пошта во село Миладиновци.
Кражбата се случила во текот на ножта помеѓу 13 и 14 октомври е е пријавена вчера во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец.
Како што соопшти МВР, со употреба на сила и алат било влезено во објект на АД „Пошта“ во с.Миладиновци и бил одземен сеф во кој имало 84.000 денари и писма.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пред повеќе години многу чести беа грабежите на поштенски возила, но и на поштари кои носеа пари. Неколупати овие грабежи беа многу блиску до одржување избори, па во јавноста се коментираше дека токму тие се знак дека идат избори.