Предупредување: Црвенкрстбалкан кој собира донации за Турција го злоупотреби името на Црвениот крст

Граѓаните да внимаваат на повикот за донации за Турција што на социјална мрежа Инстаграм е објавен на профилот под име црвенкрстбалкан, предупреди денеска Црвен крст на Северна Македонија. Оваа организација укажува дека таква организација не е нивен дел.

-На Инстаграм се појави профил под име црвенкрстбалкан. Таа организација не е дел од Црвениот крст, бидејќи никогаш не постел Црвен крст Балкан. Во секоја земја има само една организација на Црвен крст. Црвениот крст на Северна Македонија е членка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина која брои 192 земји и целата помош и поддршка за настраданите во Турција и Сирија ја реализира координирано и со насоки од Меѓународната Федерација и Црвената Турска Полумесечина. Секој може да работи, да помогне на луѓето, но тоа да го прави во сопствено име почитувајќи го интегритетот на секоја друга организација и без употреба и злоупотреба на логото и името на некоја друга организација како што во случајот е името на Црвениот крст. За овој случај на злоупотреба се информирани надлежните органи, објави денеска Црвен крст на Северна Македонија.

На профилот на Истаграм на црвенкрстбалкан е обајвено дека се „собираат донаци за Турција“.

Претходна вестВозач во битолско возел со 2,41 промили алкохол, казни за 46 пијани возачи
Следна вестМВР ги одбило подарените агрегати од Бугарија за преминот Деве Баир