Предупредување до родителите во Македонија: Постои тренд на самоповредување кај учениците

„Ве информираме дека изминатиот период забележана е тенденција на физичко самоповредување кај повеќе ученици, предупредување е кое добиле родителите во повеќе скопски основни училишта од наставниот кадар. Во него се вели дека е забележано сечење со жилети, ножеви од острилки, ножици, остри предмети и тоа најчесто се случувало на рацете и нозете, пренесе вчера ТВ Сител.

Наставниот кадар ги предупредува родителите да им обрнат повеќе внимание и контрола на децата.

– Доколку забележите било каква промена што може да укажува на оваа појава ве молиме пријавете во училиште и бараме од вас како родители преку класните раководите да ни дозволите ненајавени проверки на учениците за навремено откривање и сузбивање на оваа појава бидејки состојбата е алармантна, се вели во предупредувањето.

Во прилогот се наведува дека самоповредувањето не е изолирана појава само кај нас. Светските медиуми многу често известуваат за појава на трендови поради предизвици на социјалните платформи. Поради ТикТок предизвик 17 ученици од Косово се самоповредиле во изминатиот период и го подигна алармот кај родителите за да ги натераат институциите да преземат поголема контрола врз социјалните мрежи кои ги користат децата.

Психотерапевтите во државата велат дека родителите можат да забележат промена кај своето дете кое е подлежно на самоповредување.

-Многу често здрава личнност без психолошки проблеми, без патологија не може да посегне веднаш по самоповредување или осакатување. Тоа најчесто има одредени услови коишто се исполнуваат во однос на тоа што ние ги водиме со одредени тестови. Тоа е симптом кој е доста загрижувачки, бидејќи тоа влегува на ниво на сиуцидалност. Мислам дека родителите, доколку се работи за таква појава уште претходно ќе забележат одредени промени во однесувањата, промени во социјализацијата, промени во односите кои ги имаат во семејството. Во тој момент мора да се реагира веднаш, брзо да се реагира, дури и да помислат дека можеби има таква работа, вели психотерапевтот, Фики Гаспар, пренесе Сител.

Претходна вестРеал Мадрид по петнаесетти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите
Следна вестМажи на Бит Пазар нападнале скопјанец, па оштетиле инвентар