Реал Мадрид по петнаесетти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите

Во синоќешната спектакуларна завршница на финалето на Лигата на шампоните Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 и по 15.пат во клупската историја се искачија на европскиот трон. На „Вембли“, Дани Карвахал и Винисиус Жуниор со головите во 74. и 83. минута го обезбедија 15-от пехар.

Борусија доминираше на почетокот на натпреварот и во текот на првото полувреме во кое Реал Мадрид пружи бледа игра, како да се чуваше за второт полувреме. Адејеми имаше три шанси за гол, а во една од нив излезе еден на еден против Куртоа и не успеа да ја подгови мрежата, Филкруг ја погоди стативата, а можност имаше и Сабицер. Првото полувреме заврши без голови.

Реал Мадрид како одвај да чекаше да започне второто полувреме и набрзо ја презеде доминацијата на теренот. И дочека да поведе во 74. минута кога Карвахал со глава по нафрлување на Крос од корнер ја смести топката во мрежата, иако пред тоа двапати не му успеа. Водството го охрабри Реал и го засили темпото на напади, а Борусија Дортмунд како да се изгуби во играта. Кралскиот клуб беше немилосрден и Винисиус сам појде кон мрежата по катасстрофалната грешка, кога буквално им ја даде топката на противниците и Винисиус го затресе голот во 83. минута за конечна победа од 2-0.

Иако Борусија Дортмунд во 87. минута постигна гол, тој беше поништен поради офсајд од страна на Филкруг. На крајот Реал Мадрид се радуваше на 15. титула во Лигата на шампионите, а Борусија Дортмунд ќе чека подобри времиња за втора европска круна.

Реал досега има 15 титули во Лигата на шампионите (порано Куп на шампионите) и загуби само три финалиња во историјата, последното беше во далечната 1981 година. Потоа има девет победи во девет финални натпревари.

Борусија од Дортмунд остана на еден трофеј од 1997 година кога во финалето го победи Јувентус со 3:1. После тоа, како и сега, го загубија финалето во 2013 година, исто така на „Вембли“, од Баерн Минхен.

Претходна вестДенеска во Скопје посебен сообраќаен режим
Следна вестПредупредување до родителите во Македонија: Постои тренд на самоповредување кај учениците