Прегазен 74-годишен пешак во Скопје

Пешак е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера во Скопје, информира полицијата.

МВР соопшти дека на 09.06.2024 во 19.50 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско – косовска бригада” во Скопје, патничко возило „фолксваген туран” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) удрило во пешак Ќ.А.(74), двајцата од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ќ.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” – Скопје. Извршен бил увид на увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Претходна вестУчебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни
Следна вестГАК сподели среќна приказна за две палчиња – Амела и Амра