Прегазен осумдесетгодишен пешак во скопско

Осумдесетгодишен маж вчера бил прегазен од „фолскваген голф“ во Миладиновци. Тој се здобил со тешки повреди.

– На 18.12.2023 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1″ во с.Миладиновци, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (40) од Скопје, удрило во Р.А.(80) од с.Миладиновци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестМаск им порача на граѓаните на развиените држави: Имајте повеќе деца, во спротивно вашите култури ќе исчезнат
Следна вестТурските власти добиваат и дополнителна документација за екстрадиција на Палевски