Турските власти добиваат и дополнителна документација за екстрадиција на Палевски

Македонските власти веднаш постапуваат по сите барања на турските власти поврзани со барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевка и Панче Жежовски. Министерот за правда Крена Лога денеска изјави дека досега се оди како што треба.

-На сите тие барања ние постапуваме и одоговоривме. Процеот е во тек и се е како што треба. Нема дополнително нешто друго. Кога и да имаме благовремено ќе известиме, рече Лога денеска на настанот по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените.

Првоосомничениот Палевски ја напушти државата на 30 ноември и преку Србија и Бугарија избега во Турција каде беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир.

Од Министерството за правда претходно посочија и дека ќе бидат потребни месеци за екстрадиција на Палевски, бидејќи тој може да се жали во текот на постапката.  Максималниот период кој Палевски може да биде држен во притвор е една година. Извештајот од судска медицина за убиството на Вања се уште не е доставен до обвинителството.

По две недели од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Претходна вестПрегазен осумдесетгодишен пешак во скопско
Следна вестОд прилепчанец одземени 19 птици од ретките сорти трнан и цајзли