Прегазен пешак на паркинг во Неготино, лицето починало на местото на несреќата

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици во Неготино. Имено, денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Л.З. од село Глумово, општина Сарај, удрило во пешакот, 78-годишниот С.Т. од Неготино, извести МВР.

-Од здобиените повреди С.Т. починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино“, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Претходна вестСилувана малолетничка во Скопје
Следна вестПосле 32 години независност, службениците во одбраната добија свој закон