Прегазен пешак во Скопје

Синоќа, во 23.50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „12. Македонска бригада“, пред крстосницата со улицата „Архитект Сотир Томовски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д. (50) од Скопје, удрило во пешакот С.К. (23) од Скопје.

Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Претходна вестГрозморен настан во Гостивар – се претставил како оџа и злоставувал дете
Следна вестВо ноември поскапе се – најмногу лебот, најмалку жестоките пијалоци