36-годишен пешак од Скопје е тешко повреден откако бил прегазен на еден скопски булевар.
– На 28.11.2023 во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(38) од Скопје, удрило во пешакот С.И.(36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.