Прегазена жена со автомобил во Чаир, починала во болница

Жена починала откако вчера била удрена со автомобилот во скопската општина Чаир, информира вчера полицијата.

-На 26.11.2020 во 09,20 часот во СВР Скопје, С.Б. пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ во круг на фирма во Скопје патничко моторно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ч.(35) од с.Побожје, удрило во пешак С.С.(63) од Скопје, која со возило на итна медицинска помош е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди, по што подоцна подлегнала на повредите, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПендаровски: Бугарските барања излегоа надвор од рамките на Договорот
Следна вестЗаев: Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и другите не се главни осмислувачи на „27 април“