Прегазена жена во Струмица

43-годишна жена е прегазена во Струмица. Во неа удрило возило управувано од 19-годишно лице и во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди.

– Рано утрово во 00.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.Г. од село Зубово, струмичко, удрило во А.С.(43) од Струмица, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Претходна вестОткажаа и одвај најдените рецензенти за учебникот по Историја и Општество за шесто одделение
Следна вестАпсурден закон – апсурдни решенија во здравството дава, ама…