Апсурден закон – апсурдни решенија во здравството дава, ама…

Здравството во Македонија кризира. Власта ќе го лечи и со вработување на нови кадри. Ама, и тука излезе проблем…

Имено, огласот на Универзитетската клиника за Гинекологија и акушерство во Скопје каде што е наведено со напомена дека се бараат лекари со стриктна етничка припадност предизвика силни реакции кај јавноста. Зарем не требаше да се бара прво стручност?

Сепак се напоменува дека конкурсот е распишан врз основа на Законот за вработени во јавниот сектор. Според Јавниот оглас ГАК на неопределено време има потреба од двајца доктори на специјализација по гинекологија и акушерство, еден од турска и еден до албанска националност, а предвидено е вработување на двајца специјализанти по педијатрија од албанска националност и специјализанти по анестезија и интензивна медицина каде што се бараат Ром (ка) и Албанец (ка).

На ова реагира доктор:

-Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром, добро луѓе дали сте нормални??? Па уште со напомена е ставено, да не случајно се залета некој друг, ич да не аплицирате. Јас нема да коментирам понатака само со цел свој авторитет ви кажувам дека ваков преседан не постои ви медицинскиот свет! Националност не постои во терциена здравствена установа. Каква врска има националност со гинекологија и акушерство?, посочува и прашува доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи.

На сето ова реагира и ресорниот министер Фатмир Меџити кој вели дека Законот го предвидува тоа, но се согласува со јавноста дека знаењето и искуството е пред се.

И неговиот шеф, премиерот Димитар Ковачевски вели дека законот е таков, ама според него етничката припадност не може да биде професија.

– Само на Западен Балкан е професија етничката припадност. Ќе ви дадам еден пример, кога беше пандемијата, голем број на наши сограѓани имаа потреба од Клиниката за Инфектологија, а таму беа Демири, Цана и Стефановиќ. Така што етничка припадност не игра улога во професионалноста, потенцира премиерот.

Значи, и власта заклучува дека законот е апсурден. Значи тој правен акт изнудува и апсурдни решенија. А може да значи и дека сето тоа е неуставно.

Па што не се почне со разговори тоа законско решение да се смени? Или само за смена на Уставот ги бива?

Претходна вестПрегазена жена во Струмица
Следна вестВо Советот на Скопје изгласана иницијатива споменикот на Ќосето да се врати кај мостот „Беласица“