Прегазена жена во Тетово, возачот побегнал

Шеесет и четиригодишна жена е тешко повредена откако вчера била прегазена во Тетово. Возачот по несреќата избегал.

– На 10.01.2024 во 11.40 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Косовска“ во Тетовo, патничко моторно возило удрило во Т.А.(64) од Тетово, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информираат од МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и расчистување на случајот.

Претходна вестУбаво: Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра
Следна вестСин физички го малтретирал и му се заканувал на својот татко