Без да одигра ниту еден натпревар кошаркарската репрезентација на Македонија се враќа од квалификацискиот прозорец во Талин откако тестовите открија позитивни на коронавирусот во нашиот табор.
Додека репрезентацијата се подготвуваше во Скопје немаше позтивни, а проблемите се појавија во Талин синоќа, воочи натпреварот со Италија кој веднаш беше одложен. Додатните тестирања открија уште позитивни, па ФИБА донесе одлука двата натпревара на македонија да бидат одложени.
Како што известува КФСМ, натпреварите против Италија и Естонија сега се преместени за февруари наредната година во нов квалификациски прозорец кој дополнително ќе биде одлучено каде ќе се игра.
Останатите натпревари од нашата група ќе се играат. Синоќа Русија со 84:56 ја совлада Естонија, а утре Русија ќе игра со Италија.
Фото: КФМ